Дома Топ вести „Спорт“ ја тресе Каталонија: Јувентус е сериозен да ги спои Роналдо и Меси!?

„Спорт“ ја тресе Каталонија: Јувентус е сериозен да ги спои Роналдо и Меси!?

Прв објави каталонскиот „Спорт“ кој важи за близок до Барселона, а потоа веста почна да се појавува во останатите италијански и шпански медиуми – Јувентус нема да жали пари за да ги спои Меси и Роналдо!

И претходно знаеа да се појават вакви вести, меѓутоа не од медиум каков што е „Спорт“ кој секогаш важи за добро запознаен со ситуацијата во Барселона.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Се тврди дека „старата дама“ ја чека својата шанса од сенка, претходно Меси се поврзуваше со Сити, ПСЖ и Интер.

Тешко изводливо изгледа да се спојат Меси и Роналдо во ист тим, а ако тоа се случи тогаш би бил вистински маркетишнки бум. Сега не е познато колку Јувентус е финансиски моќен да исплаќа уште една астрономска плата покрај онаа на Роналдо од 30 милиони евра.

Оваа вест на „Спорт“ доаѓа само два дена по разговорот со Меси и Куман, на кој според сите најпознати шпански медиуми Аргентинецот му соопштил на Куман дека не ја гледа својата иднина во Барселона.

Претходно вакви информации во главно можеа да се прочитаат во мадритските медиуми, меѓутоа сега информациите доаѓаат од оние „домашните“ на Барселона, каталонските и затоа ситуацијата изгледа посериозно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…