Инцидентот кој се случи во понеделникот во Атина се уште е во центарот на вниманието, а сега се појавија информација дека денес во Сплит пристигнале грчки и српски навивачи.
Денес во Сплит играат Хајдук и ПАОК и овој натпревар Грците би можеле да го искористат како еден вид одмазда за нередите кои ги направија Хрвтите во Атина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Локалното население е во страв од пристигнување на грчки хулигани кои би можеле да бидат помогнати од фановите на Партизан со кои збратимени.
„Нема потврда, но имаме најава дека навивачите на ПАОК може да пристигнат во Сплит заедно со „Гробари“ на Партизан“, објави еден хрватски весник.
Контролата на границите е зголемена. па останува да видиме вечерва дали се ќе помине во најдобар ред. Ќе потсетиме, во нередите во Атина животот го загуби 29-годишниот Михалис Кацурис.