Дома Фудбал Италија Спектакл на „Сан Сиро“, шест гола, без победник ?

Спектакл на „Сан Сиро“, шест гола, без победник ?

Милан и Рома одиграа спектакуларен натпревар со шест гола, кој на крајот заврши без победник.

„Росонерите“ одлично го започнаа натпреварот и поведоа во 2-та минута со голот на Златан Ибрахимовиќ. Меѓутоа Рома израмни во 14-та минута со голот на Џеко после големата грешка на голманот Татарушану.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Во вториот дел гледавме исклучително возбудлив натпревар. Милан дојде до водство со голот на Салемакерс на самиот старт. Потоа гледавме израмнет фудбал се до 70-та минута кога судијата Џакомели досуди сомнителен пенал за Рома, а сигурен реализатор беше Верето.

Милан тргна по победата и во 79-та минута беше досуден пенал на другата страна кој во гол го претвори Ибрахимовиќ. Рома израмни после еден корнер во 84-та минута преку Кумбула, но „росонерите“ имаат за што да жалат бидејќи пропуштија две чисти шанси во финишот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Костадинов: Кога се игра за Македонија секогаш има мотивација, Белгија е една од најсилните во светот

Репрезентацијата на Македонија ја очекуваат два натпревари во кои ќе играме со Белгија и К…