Дома Фудбал Италија Спас за Милан: Третиот најбогат човек го купува клубот, се враќа и Алегри

Спас за Милан: Третиот најбогат човек го купува клубот, се враќа и Алегри

Италијанскиот гигант Милан наскоро би можел да добие нов сопственик и тоа еден од најбогатите луѓе во светот.

Имено, според информациите на „Ил Месенџеро“ сопственикот на Луи Витон понудил една милијарда за да го купи Милан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бернард Арнолт пред само неколку месеци го помина Ворен Бафет на листата најбогати луѓе во светот и сега се наоѓа на третото место зад Џеф Безос и Бил Гејтс. Богатството на Арнолд се проценува на 94.6 милијарди долари.

Во овој момент Милан го води инвестициониот фонд „Елиот“ кој го превзема клубот откако сомнителниот Кинез не успеа да го врати долгот кон нив. За Милан очекувано владе голем интерес.

Според весникот „Република“ двете страни се во завршни преговори и клубот треба да премине во рацете на Арнолд за околу 1 милијарда евра.

Францускиот бизнисмен има амбициозен проект и има план за враќање на Милан во италијанскиот и европскиот врв.

Планот е заедно со новиот сопственик на „Сан Сиро“ да пристигне и Масимилиано Алегри, на кого ќе му биде доверено водството на тимот.

Алегри е без ангажман после отказот од Јувентус, а претходно во Милан помина цели 4 години и е последниот тренер кој освоил Скудето со „росонерите“ во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…