Дома Фудбал Останато Соседите на Роналдо раскажуваат како е да се живее покрај Португалецот

Соседите на Роналдо раскажуваат како е да се живее покрај Португалецот

Кристиано Роналдо без дилеми е еден од најдобрите спортисти на сите времиња, а од самиот почеток на кариерата до денес тој е фокусиран само на фудбалот.

Роналдо знаеше дека сака да стане најдобар играч во светот и се насочи само кон тоа. Неговиот живот е фокусиран само на фудбалот и ретко сака да зборува за она што го прави во слободно време.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Неговите соседи во Торино открија за италијанските медиуми дека Роналдо е исклучително тивок и повлечен човек.

„Кај него ги нема тие забави, дружење со пријателите и соиграчите секој ден или дивеење со автомобилот низ населбата. Тој е неверојатен човек како и целото негово семејство. Често е надвор со неговите деца, си играат, но никогаш не се прегласни. Сите сме изненадени од тоа колку внимава на се и навистина секоја чест за него за тоа. Тоа не го очекувавме кога се досели во куќата покрај нашата“, изјавија соседите на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јокиќ донесе посебна одлука: Нема повеќе да… (Видео)

Никола Јокиќ повторно ја воодушеви НБА лигата – трипл-дабл за само 22 минути и побед…