Дома Останати Тенис Соопштение на Возниацки: Ми се закануваа со смрт на мене и моето семејство

Соопштение на Возниацки: Ми се закануваа со смрт на мене и моето семејство

Данската тенисерка, Каролина Возниацки пријави дека и се заканувале со смрт на мастерсот во Мајами.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Возниацки беше поразена од Моника Пуиг, но поразот не и паднал толку тешко како однесувањето на навивачите од трибините.

„Пред неколку ноќи изгубив тежок меч против одличен противник и голема пријателска и свесна сум дека поразот и победата се составен дел од тенисот. Сепак, во текот на мечот од публиката добивав закани за смрт на мене и моето семејство. Покрај заканите добивав и големи навреди“.

„Луѓето од обезбедувањето не направија ништо за да ги спречат, туку тоа го прифатија како нормална работа. Се надевам дека организаторите во Мајами ќе превземат сериозни чекори бидејќи ова е навистина ужасен пример на идните генерации играчи и навивачи“, напиша Возниацки во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Призна и Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата (Видео)

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал проговори за важноста на бројките кога станува зб…