Дома Фудбал Италија Сонародникот со пофални зборови: Мартинез е комбинација на Игуаин и Икарди

Сонародникот со пофални зборови: Мартинез е комбинација на Игуаин и Икарди

Како што е познато Интер го обезбеди потписот на аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез, а неговиот сонародник и човек кој долги години го носеше дресот на „нероаѕуите“ за него има пофални зборови.

Според Естебан Камбијасо, Лаутаро Мартинез е фудбалер кој е како комбинација на Гоназало Игуаин и Мауро Икарди.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Мартинез ќе биде големо засилување. Тој е нешто помеѓу Игуаин и Икарди“, истакна Аргентинецот.

Потоа новинарите го запрашаа дали Мартинез би можел да игра заедно со Икарди.

„Убеден сум дека можат. Добрите играчи секогаш знаат како да играат заедно. Мислам дека на Икарди и тоа како би му одговарало да го има Мартинез покрај себе“, заклучи поранешниот репрезентативец на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Силекс се засили со Велиновски и Хамзиќ

Македонскиот вицешампион Силекс продолжува активно да се засилува за новата сезона, денеск…