Дома Фудбал Англија Солскјер: Сопствениците се извинија, наскоро ќе разговараат со фановите

Солскјер: Сопствениците се извинија, наскоро ќе разговараат со фановите

Менаџерот на Манчестер јунајтед откри дека добил лично извинување од сопствениците на клубот, семејството Глејзер.

Солскјер воедно ги повика навивачите на Јунајтед денес да бидат „поцивилизирани“ во протестите против сопственикот на клубот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фановите на „црвените ѓаволи“ изминатиот викенд упаднаа на „Олд Трафорд“ и не дозволија да се одигра големото дерби против Ливерпул.

„Редовно комуницирам со сопствениците и од нив добив лично извинување. Сите сфатија дека тоа што го направија беше погрешно. Не е потребно да бидете физичар за да сфатите дека ситуацијата е многу тешка и дека мораме да се избориме со неа“.

„Тешко е и за мене, морам да бидам фокусиран на фудбалот, но во исто време да имам добар однос со сите, а пред се сопствениците. Тие често ме слушаат што зборувам, а исто така слушаат што зборуваат и навивачите и сигурен сум дека наскоро ќе разговараат и со нив“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија напредуваше на ФИФА ранг листата

Добрата форма на македонската фудбалска донесе скок на најновата ФИФА ранг-листа нашите фу…