Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер е задоволен од дебито на Кристиано Роналдо, но вели дека не е под притисок Португалецот да игра на секој меч.
Солскјер вели дека ќе треба да ги балансира неговите натпревари, со оглед на фактот што Роналдо има 36 години.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Не е невозможно Роналдо да биде оставен надвор од тимот. Тој има 36 години. Јас треба да најдам баланс за за играта на секој фудбалер. Сметам дека пристигнувањето на Варан и Роналдо ни донесе поголема класа, но и ги натера другите да го подигнат нивото. Сите ги гледаат нив, бидејќи се големи шампиони и сакаат да бидат како нив“, изјави Солскјер.