Дома Фудбал Останато Солзи во Лион: Заврши финалето за Димитри Паје, Гризман беше тука да го утеши (Фото+Видео)

Солзи во Лион: Заврши финалето за Димитри Паје, Гризман беше тука да го утеши (Фото+Видео)

Марсеј и Атлетико во Лион го играат финалето во Лигата на Европа, а во овој момент „јорганџиите“ имаат предност од 0:1 (погодок на Гризман можете да го погледнете тука).

Французите добро го отворија натпреварот создаваа повеќе шанси, но потоа следуваше големата грешка на Замба Ангуисе која ја казни Антоан Гризман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тоа како да беше само почеток за проблемите на Марсеј. Најдобриот играч на овој тим и капитенот Димитри Паје мораше да го напушти финалето во 32 минута од натпреварот.

Паје се повреди пред неколку дена, но силно сакаше да игра во финалето. Се најде во првиот состав, но едноставно не можеше и после половина час во солзи го напушти теренот.

Својот сонародник по излегувањето се обидуваше да го утеши и стрелецот на голот Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човекот од 100 милиони му кажа „не“ на Реал Мадрид: Би било глупаво да го направам тоа

Реал Мадрид остана без планираното засилување за летниот преоден рок. Португалецот Витиња …