Дома Фудбал Останато Солари вчера потпиша, но Марадона тврди: Нема долго да издржи

Солари вчера потпиша, но Марадона тврди: Нема долго да издржи

Легендарниот Диего Марадона не верува дека неговиот сонародник Сантијаго Солари долго ќе се задржи на клупата на Реал Мадрид.

Вчеравечер Реал Мадрид и официјално потврди дека со Солари е потпишан договор до 2021 година.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, Марадона смета дека Солари нема долго да издржи на клупата.

„Солари нема доволно поддршка од екипата. Тој доби доверба од претседателот, но мислам дека нема долго да се задржи на клупата на Реал“, изјави Марадона.

Новинарите потоа го запрашаа Марадона дали тој би сакал да добие шанса да биде тренер на Реал.

„Секако, би сакал. Имам доволно искуство, но во овој момент сум среќен во клубот во кој работа“, нагласи тренерот на мексиканскиот второлигаш Дорадос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сапуницата не готово: Спортинг го шокираше Арсенал со новото барање!

Арсенал беше на чекор од потпис со Виктор Ѓокереш, но по новите компликации службениците н…