Дома Најава Совети за составување на тим и обложување во MOZZART пред четвртото коло на Фантази Премиер лигата

Совети за составување на тим и обложување во MOZZART пред четвртото коло на Фантази Премиер лигата

Во претходното коло Фантази Премиер лигата беше убедливо најслаба со просек од 43 освоени бода. Некои многу веројатно ќе посегнат по „вајлд-картата“ иако можеби е прерано за тоа, додека други ќе отидат во минус поради поголемиот број на трансфери, ама најважно е да се исправат грешките од третото коло кои и тоа како постоеја. Поради тоа, ајде што е можно побрзо да се фатиме за работа и да одиме на поправен. Ама претходно, да не заборавиме на предлозите за капитен на тимот. Оваа недела тоа се Кевин де Брујне, Раул Хименез и Доминик Калверт-Луин, за кои повеќе ќе има во продолжението од текстот…

Забавувајте се, а можете и да заработите обложувајќи се на фантази поените на играчи во Mozzart.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доминик Калверт-Луин (5,5) – повеќе (1,85)

Евертон игра над сите очекувања, а Калверт-Луин е во животна форма. Англичанецот погоди на сите три натпревари во Премиер лигата, а на хет-трикот против Вест Бромвич надоврза уште еден во Лига Купот против Вест Хем, двата на домашен терен, што му донесе место во тимовите на повеќе од 650.000 Фантази менаџери, што е повеќе од било кој друг фудбалер. Уште една причина за облогот е тоа што во оваа рунда на „Гудисон парк“ доаѓа Брајтон. „Галебите“ навистина играат допадлив, отворен и напаѓачки фудбал, поради кој платија скапо со порази од Манчестер Јунајтед и Челзи, а во двата меча примија по три гола во мрежата. Од тој стил на игра би можел да профитира и Доминик, посебно ако Ришарлисон поради повредата здобиена пред три дена во дуелот со Вест Хем не биде подготвен да игра во текот на целите 90 минути. Тоа ќе значи дека ДКЛ ќе добива повеќе топки од Хамес Родригез, а истовремено, тоа носи и повеќе шанси за гол.

Кевин де Брујне (7,5) – повеќе (2,03)

Доколку се одлучите поради некој играч да ризикувате овој викенд – поради високата граница – Де Брујне би требало да биде тој. Најмногу Фантази менаџери во претходниот викенд му ја ставија капитенската трака на раката и сега сите очекуваат Белгиецот да се „извади“, со оглед на тоа што на дуелот против Лестер Сити го „немаше на терен“. Исто како и Калверт-Луин и Де Брујне би можел да профитира од стилот на игра на Лидс Јунајтед. Со филозофијата „нападот е најдобрата одбрана“ и бековите – Лук Ејлинг и Стјуарт Далас – кои се поставени доста високо, „пауните“ би можеле да им остават доста простор на фудбалерите на Манчестер Сити кои посебно ги сакаат таквите ситуации. А, сакаат и да се „истурат“ врз наредниот ривал по неуспесите. Така Арсенал минатата сезона ниту крив, ниту должен, плати со трилинг во мрежата, Брајтон со петарда, а Вотфорд поради иста причина во два меча дури 13 пати ја вадеше топката од мрежа. Сите резултати се по порази на Сити во претходните кола.

Доколку барате помала граница, тогаш таа ви ја нуди Ријад Марез (6,5 – повеќе 1,95). Алжирецот и покрај убедливиот пораз од Лестер (2:5) учествуваше во двата гола на Манчестер Сити (гол и асистенција), а упати и најмногу удари кон голот на „лисиците“ (три, исто колку и Стерлинг) и создаде најмногу шанси (исто така три, колку и Де Брујне), со што уште еднаш го покажа своето влијание во нападот на „граѓаните“. Кога и да играше претходната сезона, Марез учествуваше во 38% од головите на Сити. Единствено Де Брујне имаше повисок процент (41%).

Џејми Варди (5,5) – повеќе (1,72)

Вкупно 11 допири на топката во противничкиот шеснаесетник, шест шутеви, од кои пет во рамки на голот, а на контото – пет гола. Можеби Фантази менаџерите се загрижени што Англичанецот не влегува во премногу шанси, но тој е немилосрден кога ќе се најде во нив. Вистина, четири гола даде од белата точка, но не треба да се заборави дека Варди изнуди три од пеналите сам. Впрочем, гол од пенал носи бодови исто како гол од игра, па не треба да се грижите на кој начин тој ќе стрела. Притоа, треба да се нагласи дека од стартот на сезоната 2018/19, ниту еден фудбалер во Премиер лигата не постигнал повеќе голови од него (46 гола). Поради тоа Герет Саутгејт не го отпишува од Европското првенство кое ќе се игра наредната година. Меѓутоа, благата повреда против Сити би можела да биде проблем, па така, почекајте на обраќањето на Роџерс пред медиумите, за да знаете за состојбата на Варди пред да го ставите на тикет или во вашиот тим.

Раул Хименез (5,5) – повеќе (1,80)

Мексиканецот на одличен начин со голови против Шефилд Јунајтед и Манчестер Сити ја отвори новата сезона, ама во претходното коло против Вест Хем потполно ги разочара Фантази менаџерите со „нула“ до своето име (си постигна автогол). Неговиот распоред сепак сугерира дека би можел да се извади за киксот против Вест Хем. Вулверхемптон во наредните четири кола ги дочекува Њукасл и Кристал Палас, а пред нив, во оваа рунда и Фулам, што е главната причина зошто Хименез е четвртиот најкупуван напаѓач пред ова коло (преку 165.000 играчи). Наредните бројки дополнително го засилуваат овој податок. Деветката на Вулвс шутираше десет пати во претходните три кола, од тоа девет пати во рамка на голот, што е речиси двојно од било кој друг соиграч, а притоа влезе во три од четирите досегашни 100% шанси на својот тим. Фулам на „Молино“ доаѓа со три врзани убедливи порази. Лондонскиот тим прими десет гола, единствено Вест Бромвич Албион има повеќе (11) и ранливоста на одбраната дефинитивно би можела да го зголеми досегашниот учинок на Хименез, па дури и го сместува како опција за капитен на вашиот тим.

Енди Робертсон (4,5) – повеќе (1,80)

Шкотот е константен од стартот на сезоната. На отворањето против Лидс запиша асистенција, а минатото коло погоди во мрежата на Арсенал, додека меѓу споменатите дуели ја сочува мрежата против Челзи, со што ја продолжи формата од финишот на претходната сезона (гол, четири асистенции и „чиста мрежа“ во последните шест кола на сезоната 2019/20). Вкупно, ако се смета споменатиот период, имаше конкретен учинок во секоја од деветте рунди. Оваа сезона делува дури и поопасно кон противничкиот гол. Шутира еднаш во 90 минути, (претходната сезона на секои 141,5), а бројот на обиди од шеснаесетникот скокна од 0,3 на рамно 1. Исто така, бројот на центаршутеви по натпревар скоро и да се удвои – од 5,8 скокна на 11. Гостувањето кај Астон Вила му дава на Робертсон додатна шанса да ја продолжи сјајната низа. На двата меча со клубот од Бирмингем во претходната сезона тој носеше бодови. Во победата од 2:1 постигна гол, во вториот меч исто така во победа од 2:0 ја сочува мрежата. Притоа, одбраната на Ливерпул претходната сезона беше најцврста во лигата на гостувањата, со статистика дека надвор од „Енфилд“ се сочува мрежата на осум натпревари. Цела оваа статистика укажува дека Робертсон и десетти пат по ред би можел да ги израдува Фантази менаџерите и тоа на двете страни на теренот. 

Џамал Ласелс (1,5) – повеќе (1,35)

Во второто коло идентична граница имаше и Вирџил ван Дијк, поради што ви дадовме предлог да одиграте плус. Да потсетиме, за капитенот на Њукасл да освои барем два бода, потребно е да одигра најмалку 60 минути и да не добие картон. Секако, секогаш постои можност да добие казнен поен во случај „страчките“ да примат два гола, ама во ова коло играат со Барнли, тим кој го краси дефанзивен стил на игра, па така, Ласелс би можел да биде опција за вашиот Фантази тим. Во прилог оди и податокот дека Кларетси немаат постигнато гол во претходните два кола, а на последните три меѓусебни средби со Њукасл стрелале само еднаш.

Погледнете ги сите квоти за Фантази поените во MOZZART.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Баерн – Лајпциг, најголема квота на свет 1,55 – Mozzart

Никаде на планетата нема да најдете поголеми квоти и на ПСЖ, Ајакс, Партизан, Бенфика, Лив…