Дома Трансфер зона Совет за Роналдо: Оди во ПСЖ, целата планета сака да ве види во тандем со Меси!

Совет за Роналдо: Оди во ПСЖ, целата планета сака да ве види во тандем со Меси!

Неизвесна е иднината на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед после доаѓањето на Ерик Тен Хаг.

Дел од медиумите пишуваат дека Португалецот сака да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето. До овој момент најмногу се поврзуваше со Рома каде што Роналдо повторно би соработувал со Жозе Мурињо.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Меѓутоа сега Пол Мерсон кој во кариерата забележа повеќе од 300 настапи за Арсенал го советуваше да оди во ПСЖ.

„Револуцијата на Ерик Тен Хаг не може да започне додека Роналдо не го напушти Манчестер Јунајтед. Него не му преостануваат многу години за важни трофеи, а во Јунајтед тешко дека ќе освојува титули во наредната година-два“.

„Замислете го со Меси во ПСЖ…Поминаа многу години како големи ривали, би било забавно да ги видиме како соиграчи на крајот на кариерата. Се најавува дека Нејмар ќе си замине од ПСЖ, па би можеле да видиме трио Меси – Роналдо – Мбапе. Тоа веројатно е најдоброто место за него, цела планета би го гледала на ТВ затоа што сите сакаат да видат такво нешто“, изјави Мерсон за „Мирор“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…