ФРАН ГАРСИЈА (24) летово се врати во Реал Мадрид, клубот во кој настапуваше за младинците и Б тимовите.
Рајо Ваљекано го купи за два милиони во 2021 година. Според Трансфермаркт, Реал Мадрид го вратил за пет милиони евра. Сезонава забележа осум настапи и две асистенции.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го повика во репрезентацијата за квалификациските натпревари со Шкотска и Норвешка, а Гарсија пред нив даде интервју за Ел Мундо.
Меѓу другото изјави дека не се чувствува посебно како професионален фудбалер. “Ние сме луѓе кои си ја вршат работата, како и сите други. Среќни сме што си ја сакаме работата. Но, ние не сме различни или посебни”, изјави Гарсија, чиј договор со Реал е до 2027 година.
„За да бидеш во Реал, треба да играш добро фудбал, што е делумно талент, но и резултат на напорна работа и пожртвуваност. Се разбира, и среќа. Но, сето тоа не нè разликува од другите луѓе кои работат осум часа на ден“, додаде тој.
На прашањето дали се чувствува поинаку во споредба со личност која работи како водоводџија, тој одговори: „Воопшто не се чувствувам различно. Ние сме еднакви. Имаме чувства и ги следиме истите правила на животот. Не сум посебен затоа што сум фудбалер“.