Ракометната репрезентација на Украина по некомплетното трето коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска, ја презеде лидерската позиција во Групата 4. Украина во првиот меч од третата рунда ја победи Чешка 26:23.
Украинците, кои во првото коло загубија во Скопје, а потоа како домаќини го совладаа Исланд и против Чешка ја искористија предноста на домашниот терен и заслужено ја однесоа победата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Украинците водеа во текот на целиот меч, а до победата ги предводеа Жуков и Козакевич со по седум голови. За утеха на Чесите Хрстка со осум голови беше најефикасниот на натпреварот.
Колото во Групата 4 ќе се комплетира в четврток, кога во Скопје Македонија ќе го пречека Исланд.