Македонската репрезентација денес отпатува на претпоследниот во групната фаза од Лигата на Нации, а наш противник ќе биде Грузија на која ќе и гостуваме во Тбилиси.
Селекторот, Благоја Милевски пред овој натпревар се соочи со сериозни проблеми во составот. Голем број репрезентативци не се во натпреварувачка форма, а тука беа и повредите. Од планираниот состав отпаднаа прво Дарко Чурлинов, а потоа Валон Етеми, Аријан Адеми и капитенот Стефан Ристовски. Дополнително беше повикан дефанзивецот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот против Грузија се игра в петок во терминот од 18:00 часот, три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Бугарија.
На табелата Грузија е прва со 10 бода, ние сме втори со 7, Бугарија трета со три и Гибралтар последен со еден бод. Со оглед на таквата ситуација единствено победа против Грузија ќе не остави во игра за првата позиција и место во баражот за ЕП.
Фото: Игор Паневски