Од враќање на Месут Озил во репрезентацијата на Германија, како што стојат работите, нема да биде ништо.
Играчот на Арсенал после низа расистички напади и бројни критики одлучи на 29. години да се опрости од националниот дрес, а иако за тоа никогаш не зборува, селекторот Јоаким Лев се обидува да го убеди Озил да ја промени одлуката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сведочи и фактот што Лев го испратил директорот на германската репрезентација Бироф да го посети тренинг кампот на Арсенал во надеж да разговара со играчот, но на крајот добил негативен одговор.
Поточно, Озил одбил да се состане со директорот и со тоа практично им ја лупна вратата од пред нос, покажувајќи дека и натаму е револтиран од постапките и третманот кој претходно го имаше во Германија.
„Сакавме да разговараме со Месут, но тој не сакаше да се сретне со нас.“ – потврди Бироф.
Озил во дресот на германската репрезентација одигра 92 натпревари и постигна 23 погодоци. Најголемиот успех го постигна во 2014. година во Бразил, кога Германија го освои СП.