Eкипатан а Ренова вчера успеа да го елиминира Алашкерт и да се пласира во второто коло од квалификациите во Лигата на Европа.
Алашкерт имаше улога на фаворит против Ренова, но „гипсарите“ одиграа одлично и обезбедија пласман понатаму. Како и што се очекуваше Ренова во второто коло не е помеѓу носителите и може да игра против силни европски клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во групата на носители има екипи како: Хајдук, ФЦСБ (поранешна Стеауа), Рио Аве, Јаблонец, Каират, Арахус, Жалгирис, Линколн…Но има и европски гиганти како: Глатасарај, Милан, Тотенхем. Најлесниот противник би бил Линколн од Гибралтар кој во ова второ коло се најде откако Приштина беше исфрлена поради заразени со коронавирус.
Шкендија поради подобриот коефициент се најде во групата на носители, но како што е познато нема можност да игра против Ренова.
Третиот македонски клуб кој игра во квалификациите, Силекс насилниот протнвик кој може да го добие на хартија е Астана, но тука се и екипи Тре Фиори од Сан Марино, Интер Клуб од Андора и Европа од Гибралтар. Во групата на Силекс има само три клуба кои се неносители па затоа носителите ќе се поделалат во три групи, па ситуацијата е малку покомплицирана.