Дома Фудбал Останато Снајдер постигна два гола, па „полуде“ поради неправда: Ова е мојот последен натпревар во Катар! (ВИДЕО)

Снајдер постигна два гола, па „полуде“ поради неправда: Ова е мојот последен натпревар во Катар! (ВИДЕО)

Весли Снајдер неодамна и офицјално се прости од репрезентацијата на Холандија, но и понатаму остана во клупскиот фудбал, настапувајќи за катарскиот Ал-Гарафа.

Пред два дена својата Ал-Гарафа Снајдер со два гола (0:2) ја одведе до победа на гостувањето кај Катар СЦ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Холанѓанецот во судиското продолжение заработи директен црвен картон после контактот со противничкиот голман.

Снајдер случајно стапна на раката на голманот на домаќините кој веднаш почна да се превиткува, а судијата го исклучи Снајдер.

Збунетиот Сандер не можеше да се помири со таквата одлука, па покрај навредите кон судијата, излегувајќи од теренот бесно порача: Ова е мојот последен натпревар во Катар!

Набрзо потоа тој се огласи на друштвените мрежи.

„Реагирав така во афект бидејќи не заслужив црвен картон. Сеедно, сакам да ги демантирам сите медиумски шпекулации. Уживам во животот и фудбалот во Катар“, порача Снајдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан се договори со Нкунку

Милан се впушти во трка за Кристофер Нкунку и преговорите со Челзи се во напредна фаза. Ми…