Дома Фудбал Останато Снајдер го советува Онана: Немој да одиш во Арсенал

Снајдер го советува Онана: Немој да одиш во Арсенал

Голманот на Ајакс Андре Онана кариерата би можел да ја продолжи во редовите на лондонски Арсенал.

Интересот за 25 годишниот Онана е голема и многу лесно може да се случи Онана да го облече дресот на екипата од „Емирати“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За неговиот можен трансфер во Арсенал зборуваше Весли Снајдер.

„Очекувам да замине. Го сметам за голем голман, еден од најдобрите во Европа. Но, не би го советувал да оди во Арсенал. Тоа е голем клуб, но и клуб кој е во огромен пад. Повеќе би сакал да го видам во Реал или Барса“, изјави Снајдер.

Онана во овој момент е под суспензија поради допинг, суспензијата му истекува на 4. ноември. Но ќе му биде дозволено да направи трансфер во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Холандија имала големи имиња, но Депај е тој кој испишува историја!

Холандската репрезентација отсекогаш била дом на бројни ѕвезди, легенди како Јохан Кројф, …