Maнчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар против Брентфорд испушти победа откако прими гол во 100-тата минута. Но, ремито во Брентфорд не е единствена грижа за Ерик Тен Хаг бидејќи одбраната на Јунајтед на последните четири меча изгледа прилично загрижувачки.
Во последните четири натпревари Јунајтед прими „само“ шест гола што е премалку ако земеме во предвид дека одбраната дозволи дури 100 удари кон голот на Андре Онана. Кога е комплетната сезона во прашање повеќе удари во просек кон својот гол дозволиле само екипите на Шефилд (17.9) и Лутон (17.3). Јунајтед е на просек од 16.9.
Ten Hag's Manchester United have conceded 100 shots in their last 4 matches. pic.twitter.com/ByUREWbt8h
— Galaxy Sports (@GalaxySports001) March 30, 2024
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Само на гостувањето кај Брентфорд, екипата на Јунајтед дозволи дури 31 удар кон својот гол, па не зачудува тоа што Брентфорд успеа да дојде до реми. И менаџерот на Брентфорд по натпреварот беше изненаден што неговиот тим не победи.
„Шутнавме дури 31 пат кон голот и звучи неверојатно што не победивме“, изјави Франк на прес-конференцијата по натпреварот.
Јунајтед во овој момент изгледа дека е далеку од пласман во Лигата на шампионите бидејќи заостаува 11 бода зад Астон Вила и ако се погледне формата екипата тешко е да се верува дека можат да ги надополнат во последните девет кола.