Дома Фудбал Англија Смолинг направи споредба меѓу Серија А и Премиер лигата!

Смолинг направи споредба меѓу Серија А и Премиер лигата!

Новото засилување на Рома, Крис Смолинг го одигра целиот меч со Аталанта на Олимпико и заклучи дека во Италија нема лесни натпревари.

Смолинг ова лето пристигна од Манчестер Јунајтед на едногодишна позајмица и направи споредба помеѓу Премиер лигата и Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Добив впечаток дека во Италија нема лесни натпревари. Изгледав доста од италијанското првенство, уште пред да дојдам тука, а секако и откако дојдов. Овде секој натпревар е тешка битка. Тоа е за мене предизвик кој го прифаќам“, изјави Смолинг.

„Мечот против Аталната беше мојот прв официјален натпревар оваа сезона и после 70 минути почувствував замор. Мислам дека веќе од следниот натпревар ќе биде подобро“, изјави дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Данска ги избра голманите за мечот со Македонија – познато е кој ќе брани по повредата на Шмајхел и Јоргенсен

Данска се соочува со големи проблеми пред натпреварот од полуфиналниот бараж против Македо…