Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Договорот на Смолинг истекува на крајот на сезоната, а двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, како и Интер, па се уште не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Во слична ситуација е и Пауло Дибала, кој сигурно ќе ја напушти Рома доколку тимот не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.
Агентот на Дибала веќе стапил во контакт со неколку европски клубови, а доколку Рома не заврши во Топ 4 тогаш Аргентинецот може да си замине за симболична сума.