Дома Фудбал Останато Случајот „Јовиќ“ решен со 30.000 евра

Случајот „Јовиќ“ решен со 30.000 евра

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ против кого обвинителството во Србија поднесе кривична пријава нема да заврши зад рештки.

Јовиќ се согласил да плати 3.5 милиони динари (30.000 евра) во хуманитарни цели со цел да не оди во затвор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Лука Јовиќ нема кривично да одговара откако се согласи да плати сума од 3.5 милиони динари во хуманитарни цели. Сумата Јовиќ треба да ја уплати во рок од еден месец“, стои во дел од соопштението на обвинителството.

Ќе потсетиме Јовиќ си направи проблем со прекршувањето на правилата за самоизолација кога од Мадрид дојде во Белград. Српскиот фудбалер тогаш се правдаше дека не бил во целост запозаен со правилата и протоколите за Ковид-19 во Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарниот Сампаоли има нов клуб – ќе има плати од три милиони евра!

Познатиот аргентински тренер Хорхе Сампаоли го презеде бразилскиот Атлетико Минеиро. Тимот…