После Милан, Филипо Инзаги повторно добива прилика во клуб од Серија А, барем според информациите на „Скај“.
Ексклузивната информација на „Скај Спорт Италија“ гласи – нов тренер на Болоња ќе биде Филипо Инзаги.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Оваа информација на својот Твитер профил ја сподели новинарот од споменатата медиумска куќа, Марио Џунта.
⚽️? Bologna, la dirigenza ha scelto: dopo l’esonero di Donadoni sarà Filippo Inzaghi il nuovo allenatore! @SkySport
— Mario Giunta (@MarioGiunta) May 30, 2018
Засега нема официјална потврда од клубот, но како што се наведува веројатноста е голема и наскоро се очекува да пристигне и потврдата.
Поранешниот играч и тренер на Милан во овој момент е на клупатан а Венеција која се бори за влез во Серија А преку баражот.
Противник во ¼ финалето ќе им биде екипата на Перуџа и веројатно се чека Венеција да ја заврши сезоната, па Инзаги да седне на клупата на Болоња.