Дома Трансфер зона Скапоценото засилување експресно го напушта ПСЖ?

Скапоценото засилување експресно го напушта ПСЖ?

Напаѓачот Гонзало Рамош не ги исполни очекувањата на Луис Енрике и би можел да го напушти Пари Сен Жермен во случај на вистинска понуда.

Португалецот во текот на летото пристигна на „Паркот на принцовите“ од Бенфика и тоа на позајмица, но поради фер-плејот за потоа во 2024 година да плати сума од 65 милиони евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, Рамош не го убеди Енрике дека може да биде водечка „деветка“ во неговиот систем. Во досегашниот дел од сезоната Рамош постигна четири гола и запиша една асистенција на 19 натпревари, а на теренот помина вкупно 889 минути.

Во случај на вистинска понуда, ПСЖ ќе преговара и со Бенфика околу остатокот на исплатата и со заинтересираните клубови кои сакаат да го откупат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…