Изминатата ноќ кошаркарите на ЛА Лејкерси го претрпеа и вториот пораз во вториот натпревар оваа сезона, на домашен терен беа преслушани од Феникс санс (105:115).
Во таборот на Лејкерси очигледно владее голема неровза, а тоа можеше да се види и на еден од тајм-аутите. Ентони Дејвис прво вербално го нападна Двајт Хауард за потоа да почне да го турка. Останатите соиграчи спречија скандалот да биде уште поголем.
Anthony Davis and Dwight Howard got into it and had to be separated by their Lakers teammates 😳pic.twitter.com/fyfxBtf0oO
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) October 23, 2021