Дома Фудбал Лига на шампиони Скандал пред финалето: Навивачи на Реал, платиле и останале без билет!

Скандал пред финалето: Навивачи на Реал, платиле и останале без билет!

Шпанските медиуми денеска пренесуваат дека околу 270 фанови на Реал Мадрид биле измамени откако уплатиле билет и превоз до „Вембли“, а подоцна биле информирани дека аранжманот се откажува.

Како објаснување им било кажано дека станувало збор за технички проблеми. Патувањето било организирано од извесна агенција и требало да полетаат вчера вечер, меѓутоа се било откажано.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Освен што останале без незаборавното искуство, не им биле вратени и парите. Ваквиот скандал стигнал и до Реал Мадрид од каде што за дел од нив организирале гледање од ложата на „Бернабеу“ каде што на видем ќе се следи битката за трофејот.

Ќе потсетиме, Реал Мадрид игра за својата 15-та титула во историјата, додека Борусија за својата втора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Постигат договор: Менди во Реал до 2027 година!

Реал Мадрид и Ферлан Менди постигнаа договор да ја продолжат соработката до 2027 година, п…