Eдвин Конго поранешниот играч на Реал Мадрид утрово е уапсен во полициска акција против мрежа на криумчарење со кокаин.
Шпанската полиција уапсила десет лица, а помеѓу приведените е и Колумбиецот кој некогаш играше за Реал Мадрид, Ваљадолид, Леванте, Спортинг Хихон и Рекреативо Хѕелва, како и францускиот Тулуз, едно време играше и во Португалија.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Конго во 1999 година стигна во Шпанија за пет милиони евра што тогаш беше рекорден трансфер за Колумбија, но не се прослави во Мадрид, па мораше да оди на бројни позајмица.
Денес работи како соработник во програмата „Ел Чирингуито“ и играше неколку натпревари за ветераните на Реал, беше дел и од голем број хуманитарни акции, но сега е осомничен дека е вмешан во голема криминална мрежа.