Нови вести кои воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Јувентус.
Фудбалерите на Јувентус се наоѓаат во тешка позиција пред реваншот во осминафиналето во Лигата на шампионите. „Старата дама“ во првиот натпревар на „Ванда Метрополитано“ доживеаа пораз од 2:0 и ако доживеат елиминација во оваа фаза од натпреварувањето тоа ќе биде вистинска катастрофа ако се знаат нивните амбиции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес италијанските медиуми објавија вест која е и тоа како скандалозна.
Наводно, фудбалерите на Јувентус после тешкиот пораз во осминафиналето со авион истата вечер отпатувале на забава во Рим каде што присуствувале 60 менекенки.
Се пишува дека фудбалерите изнајмиле приватен авион за да стигнат навреме на забавата.
Манекенките дури објавувале и Инстаграм стори со играчите на Јувентус, а се тврди дека забавата траела до раните утрински часови.
На оваа забава присуствувале сите фудбалери на Јувентус, освен Италијанците Федерико Бернардески и Андре Брзаљи. Значи сите останати вклучувајќи ги првите ѕвезди како Роналдо, Дибала, Пјаниќ и останатите биле на забавата.
Ако овие објави се медиумите се потврдат тоа ќе биде огромен скандал бидејќи дефинитивно фудбалерите не смееле да си дозволат такво нешто после таков пораз.
Имено, доколку Јувентус биде елиминиран во оваа фаза од најелитното европско натпреварување сезоната ќе биде прогласена за неуспешена без оглед на тоа што црно-белите се пред освојување на осмото Скудето во низа.
Ќе потсетиме претходно Јувентус доживеа елиминација од Купот на Италија (Аталанта 3:0).