Фудбалскиот сојуз на Белград изрече жестока казна за натпреварот помеѓу Единство од Уб и Прва Искра од Бариќ за кој се докажа дека е наместен.
Натпреварот заврши со победа на Единство од 4:0, а по истрагата која ја потпиша Драган Крстиќ, поранешниот судија и официр за интегритет на ФС Белград се потврди дека четворица фудбалери на Прва Искра уплатиле околу 10.000 евра дека на натпреварот ќе се постигнат четири или повеќе голови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Прва Искра која се натпреварува во Српската лига Белград и се одземени 12 бодови, а клубот е казнет 10.000 евра. Сите кои биле вклучени во местењето на натпреварот се суспендирани на девет месеци (Владимир Симиќ, Лазар Адамовиќ, Зоран Топаловиќ и голманот Андрија Кнежевиќ).
На снимките во продолжение може да се види и на кој начин се постигнуваа головите. УЕФА натпреварот го забележа на основа на специјализираната платформа „Спортрадар“, а дури 82% од уплатите биле дека ќе се постигнат четири или повеќе голови.