Српскиот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ веќе неколку месеци добива поддршка додека храбро ја води борбата против леукемијата.
Голем дел од регионот, како и од Италија испраќа пораки на поддршка, но има и такви кои поради причини кои им се само на нив познати оставаат пораки од кои треба да се засрамат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српски „Информер.рс“ објави дека на Фејсбук страна со 45.000 следбеници биле оставани скандалозни пораки.
„Ќе дојде ли Михајлови на натпреварот против Рома или ќе оди повторно на зрачење? Зошто Болоња – СПАЛ играат во петок, да не се плашат дека Синиша нема да остане жив до недела или можеби мора на хемотерапија? Михајловиќ е во групата тренери кои нема да преживат до крајот на првенството. Гол на Рамзи, RIP Синиша“, гласеле пораките кои предизвикаа голем револт во јавност.
Поради таквите коментари страницата била пријавена, па после проверката реагирал и Фејсбук па истата бил избришана.
Правниот тим на Болоња не сака да се заврши на тоа. Случајот е пријавен во полиција за одговорните да бидат пронајдени и соодветно казнети.