Ерлинг Халанд од наредната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сит и тоа е веќе јасно. Потврди за овој трансфер пристигнаа од сите најпознати медиуми и спортски новинари, доколку нема некаков пресврт наскоро се очекува и официјалната објава.
Манчестер Сити ќе ја плати клазулата во договорот на Халанд од 75 милиони евра, а Борусија ќе може да заработи уште десет милиони евра преку бонуси. Халанд во Сити најверојатно ќе потпише договор на пет години со плата од 40 милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тука се провизиите – 30 милиони евра за таткото на Халанд и 50 милиони евра за агенцијата со која соработува неговиот син. Кога се ќе се собере на Халанд Сити ќе потроши околку 350 милиони евра.
Најголемиот дел секако оди на платата на Халанд со која Норвежанецот ќе биде најплатен во Премиер лигата, а сигурно дека ќе има и лични бонуси кои ќе бидат поврзани со голови, асистенции, трофеи…
Она што привлекува посебно внимание што со овој трансфер се надминува и сумата од милијарда евра платена за трансфери во Сити откако Гвардиола е менаџер на клубот. Повеќе од милијарда, а се уште без ЛШ…