Манчестер Сити со победата против Евертон од се врати на врвот на табелата во Премиер лигата каде што сега има ист број на бодови со Ливерпул, но „црвените“ имаат натпревар помалку.
Во еден и тоа не така одамна изгледаше дека Ливерпул е на чекор од шампионската титула, а фудбалерот на „граѓаните“, Бернардо Силва откри дека во еден момент сметале дека немаат шанси да го стигнат Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ние сме актуелни шампиони и знаеме што треба да направиме за да останеме. Меѓутоа пред само неколку дена мислевме дека ја изгубивме битката за Премиер лигата. Сега сме лидери и среќни сме што се вративме во игра. Во овој момент и притисок е помал, верувам дека сега Ливерпул и Тотенхем се под поголем притисок од нас“, изјави Бернардо.
Во следниот натпревар во Премиер лигата „граѓаните“ го играат големото дерби против Челзи.