Дома Фудбал Останато Сити го спрема теренот за холандската легенда да го наследи Гвардиола?

Сити го спрема теренот за холандската легенда да го наследи Гвардиола?

Bo Maнчестер Сити се свесни дека порано или подоцна ќе се разделат со Пеп Гвардиола, па во англискиот гигант изгледа го спремаат теренот за денот кога Гвардиола ќе замени.

Англискиот шампион ја вработи холандската легенда Џовани Ван Бронхорст кој во изминатите месеци работеше како човек од сенка откако шефовите на Сити го убедија да го прекине едногодишниот договор и да стане долгогодишен член на клубот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Британски „Мирор“ наведува дека планот на Сити е поранешниот репрезентативец на Холандија да остане во клубот бидејќи го сметаат за идеален наследник за Гвардиола.

Пеп има договор до 2021 година, но прашање е уште колку трофејниот тренер ќе остане на „Етихад“ каде што во минатата сезона ја освои Премиер лигата.

Ван Бронхорст има само 44 години и му се предвидува голема тренерска кариера. Тренерскиот занает тој го учеше од Роналд Куман на кого му беше асистент. Со Фејнорд стана шампион и освои два купа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…