Баерн Минхен во јануари би можел да се засили од Манчестер Сити, покрај тоа што баварците го обновија интересот за Лерој Сане, сега се поврзуваат и со Жоао Кансело.
Во овој момент на позицијата десен бек во Баерн игра Џошуа Кимих и тоа го прави одлично. Но, во раководството на Баерн сметаат дека Кимих може да игра уште подобр во средниот ред и од почетокот на 2020 имаат намера да го преместат понапред. Со тоа би се отворил простор на десната страна во одбраната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кансело се вклопува во профилот на играчот кој го бараат: Брз, експлозивен, продорен…Во Минхен веруваат дека е достапен бидејќи оваа сезона започна само четири натпревари во Премиер лигата. Во Лигата на шампионите одигра исто така четири натпревари, беше стартер и во четвртфиналето на Лига Купот, но е во сенка на Кајл Вокер. Уште ако се знае дека вклучувајќи го Данило на Јувентус беше платен 65 милиони евра јасно е дека Португалецот не ги оправда очекувањата. На Кансело потребно му е да биде стандарден и за да не го изгуби местото во Португалија пред Европското првенство.
Баерн му нуди излез, привремен е, бидејќи баварците во овој момент не можат да го откупат неговиот договор, а и Сити сигурно не би се откажал од него после само шест месеци. Затоа како идеално решение се споменува позајмица, па потоа да се преговара што понатаму.