Meсут Озил важеше за главна ѕвезда на Арсенал, но тој е се поблиску до заминување од „Емирати“.
Оваа сезона не запиша ниту една минута за тимот на Унаи Емери и тоа е уште еден показател дека нешто не е како што треба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се пишуваше дека Озил не игра поради инцидентот во кој беа тој и Колашинац, но Босанецот играше, па така тоа тврдење не „држи вода“.
Како што пренесуваат англиските медиуми, очекувањата се Озил да се пресели во Турција или Америка, а во негово останување во Арсенал не верува повеќе никој.