Позната е следната дестинација на Марио Манџукиќ, ако им се верува на медиумите од Италија.
Искусниот хрватски напаѓач после четири години ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Катар.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Тутомеркато известува дека синоќа бил постигнат договор за трансфер на Манџукиќ во Ал-Рајан.
Овој 33-годишен играч со новиот клуб ќе потпиша двегодишен договор вреден 7.5 милиони евра. За потпис на договорот треба да пристигне денеска или утре.
Според некои информации Јувентус ќе добие помалку од планираното. Старата дама очекуваше заработка од десетина милиони, а ќе инкасира помеѓу 6 и 8 милиони.
За Јувентус под водство на Макс Лаегри одигра 162 натпревари и постигна 44 погодоци.