Италијанецот Јаник Синер обезбеди полуфинале на турнирот во Мајами откако лесно во четвртфиналето се справи Томаш Махач од Чешка.
Синер со оваа победа ја продолжи одличната форма, па поради тоа е еден од главните фаворити.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Против Махач лесно ја оправда фаворитската улога и славеше со 2:0 во сетови.
Во првиот сет му дозволи четири гема на чешкиот тенисер (6:4), додека во вториот само два (6:2).
Во полуфиналето ќе се сретне со Медведев кој го победи Николас Јари со 2:0 во сетови.
Медведев тргна убедливо, го доби првиот сет со 6-2 со два освоени брејка. Во вториот сет имаше голема борба, двата тенисери беа одлични на свој сервис, па тајбрејкот одлучуваше, него го доби рускиот тенисер со 9-7 и ја завери победата од 2-0.