Атлетико Мадрид доживеа вистински дебакл во европските натпреварувања, беше елиминиран од групата фаза во ЛШ и не избори учество нуту во Лига Европа.
„Јорганџиите“ имаат слаба сезона и во Примера, немаат победа на последните пет меча, па се повеќе се разнишува столчето на Симеоне.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Фудбалот кој го игра Атлетико веќе долги години повеќе не дава резултати, па медиумите се прашуваат дали е време Атлетико Мадрид и Симеоне да се разделат.
Наводно постои бунт и меѓу фудбалерите кои не се задоволни од Симеоне,а Атлетико размислува за отказ доколку не се променат резултатите во најскоро време.
Медиумите во Шпанија веќе почнаа да лецитираат со имиња, а како потенцијални замени се спомнуваат Маурисио Покетино и Луис Енрике.