Дома Топ вести Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден рок е неговиот сонародник Пауло Дибала.

Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 13 милиони евра која ќе биде активна ова лето доколку тимот не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Клаузулата важи само за клубовите надвор од Серија А, а Атлетико е спремен да ја плати и веќе стапил во контакт со Аргентинецот.

„Јорганџиите“ на Дибала му нудат двојно повисока плата, а Симеоне лично го убедувал својот сонародник да му се придружи во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…