Дома Македонски спорт Мак фудбал Силекс пред службена победа во натпреварот со Велешта

Силекс пред службена победа во натпреварот со Велешта

Денес се играа натпревари во македонската втора лига, оние кои се одложија од Истокот и Западот за викендот.

Меѓутоа, пресметката помеѓу Велешта и Силекс мораше вторпат да биде одложена. Теренот на кој игра Велешта и три дена подоцна нема услови за игра. Двете екипи се појавија на теренот, но само за да се утврди дека нема услови за игра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На дел од теренот се уште има снег, додека голем дел со кал и тревната подлога е уништена. Бидејќи тимот на Велешта два пати не успева да обезбеди услови за игра многу е веројатно дека овој натпревар Силекс ќе го доби со службен резултат.

Фото: ФК Велешта

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…