Во единствениот натпревар од македонската Прва лига кој се играше денес Силекс и Брегалница во Кратово ремизираа без голови.
Двете екипи имаа свои шанси, но мрежите мируваа. Најголемата прилика на натпреварот ја имаше Брегалница преку Андерсон кој пред крајот на првиот дел не погоди празна мрежа од неколку метри. Дефинитивно ова беше најголемото промашување досега сезонава во ПМФЛ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Силекс Марко Ѓорѓиевски имаше добра прилика, но голманот Давков го одбрани неговиот удар. Истиот фудбалер на 15-тина минути до крајот со глава ја погоди пречката.
На крајот двете екипи ги поделија бодовите. Утре во рамките од ова 12. коло играат: Вардар – АП Брера, Шкупи – Работнички, Гостивар – Струга, Македонија Ѓорче Петров – Тиквеш, Шкендја – Воска Спорт.