Дома Фудбал Останато Сигурно не знаете кој е најтрофеен играч во историјата – ќе се изненадите!

Сигурно не знаете кој е најтрофеен играч во историјата – ќе се изненадите!

Со освојувањето на францускиот Лига куп, дефанзивецот на ПСЖ Максвел дојде до бројката од 36 освоени клупски трофеи и го претекна дури и Рајан Гигс.

Бразилскиот 35-годишен лев бек можеби меѓу љубителите на фудбалот не котира меѓу најдобрите фудбалери на светот, но знаеше во текот на кариерата да се најде на вистинско место во вистинско време.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Со освојувањето на францускиот Лига куп Максвел дојде до бројката од 36 освоени клупски трофеи, рушејќи го рекордот на Рајан Гигс кој беше неприкосновен со освоени 35 титули.

Максвел откако пристигна во ПСЖ освои 14 трофеи, а пред тоа беше три години во златната генерација на Барселона со која освои се што можеше да се освои. Исто така титули собираше и како играч на Интер и Ајакс, а има и еден со бразилскиот клуб Крузеиро.

На освојувањето на неговите трофеи најверојатно не е крај, бидејќи ПСЖ до крајот на сезоната има изгледни шанси да го освои првенството и францускиот Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …