Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше одржана прес-конференција на која зборуваше првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.
Прес-конференцијата беше повикана поради вчерашното соопштение од Агенцијата за млади и спорот. Во излагањето Сејдини откри дека до него стигнале информации за закани кон клубовите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Во текот на вчерашниот ден, и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава.
Одбивав да верувам во таквите „игри без граници“ сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна“, изјави помеѓу другото Сејдини