Дома Фудбал Репрезентации Сејдини: Македонија не се плаши кога игра против големи репрезентации

Сејдини: Македонија не се плаши кога игра против големи репрезентации

Баражот за Светското првенство помеѓу Италија и Македонија е се поблиску.

Денес во Куќата на фудбалот претседателот на ФФМ Муамед Сејдини се сретна со италијанскиот амбасадор. Сејдини на средбата истакна дека верува во победа, иако Италија е европски шампион.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Самиот факт дека играме против Италија е доволен мотив за нас. Ние не се плашиме кога играме против големи селекции. Италија е Европски првак, фаворит на овој меч, но во фудбалот се е можно. Верувам во фер натпревар. Ние ќе продолжиме да сонуваме за големи работи, рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Натпреварот како што е познато се игра на 24. март во Палермо, а подобриот од овој дуел ќе оди на натпревар против подобриот од Португалија и Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Уште една работа го кочи конечниот расплет околу Гатузо

Италијанскиот фудбал доживува нова криза. По неуспехот да се квалификува на третото послед…