Дома Фудбал Серхио Рамос во изненадувачки трансфер доаѓа во Јувентус?

Серхио Рамос во изненадувачки трансфер доаѓа во Јувентус?

Бразилскиот стопер на Јувентус, Глисон Бремер (27) ја заврши сезоната поради скинати вкрстени лигаменти. Ова е голем проблем за торинскиот клуб, а решението за него би можело да се најде во ангажирањето на Серхио Рамос, пишува фудбалскиот портал Гол.

Бремер се повреди во шестата минута од победата на Јувентус кај РБ Лајпциг (3:2) во второто коло од Лигата на шампионите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тој го напушти теренот со помош на физиотерапевт, а по прегледот беше констатирано дека е повреден и неговиот менискус. Бремер пристигна во Јувентус летото 2022 година од Торино за 46,9 милиони евра и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи на Јувентус, како и најдобрите дефанзивци во Серија А.

За да се обиде да го ублажи ударот, Јувентус почна да размислува за играчи кои би можеле да го заменат одличниот Бразилец. Меѓу кандидатите, пишува Тутоспорт, е и 38-годишниот Серхио Рамос, легенда на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, кој моментално е без ангажман.
Рамос досега одби понуди од клубовите од МЛС, Саудиска Арабија, како и преселба во Бразил.

Трофејниот поранешен стопер на Реал (671 натпревар), Севиља (87 натпревари) и ПСЖ (58 натпревари), досега нема играно во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…