Италијанската Серија А беше без “кормилар” повеќе од година дена, откако Маурицио Берета замина од функцијата претседател во март 2017. година.
После 12 месеци неуспешни обиди за избор на нов претседател на најелитното италијанско фудбалско натпреварување, на денешниот состанок со претставниците од 20. клубови во Серија А, одлучено е таа функција да се додели на Гаетано Мичике.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мичике доби едногласна поддршка, и на чело на Серија А ќе го замени првиот човек на Олимпискиот комитет на Италија , Џовани Малага кој привремено ја вршеше должноста претседател на италијанската лига.
Инаку, Мичике е прв човек на банката ИМИ, а роден е пред 68 години во Палермо.