Шпанскиот новинар Хозе Педрерол не штедеше критики на сметка на Зинедин Зидан.
Педрерол е познат како новинар кој пренесува важни информации за Реал и како човек кој го кажува она што го мисли. Токму тој го најави заминувањето на Роналдо, но претходно често го бранеше и Зидан, кого сега жестоко го искритикува.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зидан после натпреварот против ПСЖ зборуваше за недостаток на идентитет кај играчите.
„Интезитет, интезитет, интезитет…Зарем нема некое друго објаснување!? Зошто Зидан не ги објасни измените? Зотшо зборува дека му фалат играчи во средината, а го избрка Себаљос? Морате да разговарате и за фудбалот: Тактика, план и способност, реакција од клупа…“
„Како сакате да се постигне интезитет ако играчите тренираат 40 минути. Ако физичката спремност е катастрофа и ако психички се повредени, како сакаш да постигнеш интезитет ако екипата после дебаклот во Париз добива слободен ден? Почитуван Зидан, интезитетот започнува со вас“, порача Педрерол.
Во шпанските медиуми веќе може да се прочита за потенцијалните наследницина Зидан, се споменуваа Мурињо, Алегри како и поранешните играчи на овој клуб, Раул и Алонсо…