Големите фаворитки за титулата Симона Халеп и Серена Вилијамс без поголеми проблеми се пласираа во полуфиналето на Вимблдон.
Халеп обезбеди пласман во полуфиналето со победата во два сета над Шуаи Жанг, Кина. Иако во првиот сет беше одигран трај-брејк, сепак во вториот, седмата носителка на кинеската тенисерка и препушти само еден гем (6-1), со што за прв пат во својата кариера обезбеди место во полуфиналето на Вимблдон.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Серена Вилијамс потешко од очечкувањата, со 2:1 во сетови и тоа 6:4,4:6,6:3, ја победи сонародничката Алисон Риск. Првиот сет во кој имаше дури пет брејка, и припадна на Вилијамс која со третото одземање на сервисот на Риск дојде до 6:4.
Во вториот сет Рикс израмни на 1:1: но Вилијамс беше подобра во одлучувачкиот сет и се пласираше во полуфинале, каде ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Џоана Конта и Барбора Стрикова.